| четврток, 6 декември 2018 |

Влада Урошевиќ и Раде Силјан – нови члeнови на Славјанската акaдемија

Раде Силјан

Академик Влада Урошевиќ и поетот Раде Силјан од неодамна се избрани за нови членови на Славјанската академија од Варна, Бугарија. Според процедурата, новите членови на оваа  асоцијација се избрани на предлог на координаторот на Академијата за Македонија, поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски.

Тој во номинациите за Урошевиќ и Силјан ја истакнал нивната значајна и потврдена творечка улога во рамките на современата македонска, како и во балканските литератури заедно со нивната посветеност и придонес во развивањето на културните врски меѓу словенските народи и култури. Свечениот прием на Урошевиќ и Силјан во Славјанската академија ќе се случи на меѓународниот поетски фестивал насловен како „Славјанска прегратка“ на почетокот на јуни годинава во Варна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top