Брзо, едноставно, ефикасно, моќно, во тој стил игра германскиот гигант Кил, вечерва против македонскиот првак Металург, па логична е предноста од 7 погодоци разлика, 22-15, во корист на гостите по првите 30 минути.
Домагој Дувњак со 6 погодоци го предводи Кил до трета победа во Лигата на шампионите, а проблем за Металург е слабата одбрана и дури 22 примени погодоци за само половина час игра. Во старите добри времиња, македонскиот шампион не примаше толку голови за цел меч, но квалитетната игра во дефанзивата, што беше препознатлив квалитет на Металург, вечерва ја нема.
Металург има и премногу загубени топки, но има уште 30 минути за игра, за евентулен подвиг и прв успех во новиот циклус од ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


