Роналдо и другарите продолжуваат со добри игри во шпанското фудбалско првенство „Примера дивизија“. По лошиот старт на сезоната тие нанижаја пет победи по ред а денешна жртва со нова петка во мрежата беше тимот на Леванте.
Реал отиде на гостувањето нез неколку првотимци бидејќи имаа тешки натпревари за своите репрезентации во изминатите десет дена.
Бензема, Бејл и Рамос беа само гледачи на овој натпревар. Најдобриот играч на светот Роналдо продолжува да ги решета противничките мрежи. Денеска постигна два од кои едниот од пенал во 13 минута, а вториот во 61 по додавањето на Иско.
По еден гол постигнаа Чичарито, Родригез и Иско. Немоќта на домаќините се отсликува и на статистиката. Таа кажува дека упатиле само еден шут на голот на Икер Касилјас.
Со новите три бода Реал Мадрид се доближи на само еден бод зад Барселона на врвот на таблета, но каталонците имаат натпревар помалку кои го играат во моментов против тимот на Ејбар.
Levante 0 – 5 Real Madrid All Goals HD La Liga by troublemakers41
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



