Баерн Минхен продолжува со фантастичните игри во германската бундес лига. Денеска на мета на „баварците“ беше Вердер на кого му ја наполнија мрежата со шест голови. По два гола Филип Лап и Марио Геце, а останатите два беа дело на Чаби Алонсо и Томас Милер од пенал. Баерн Минхен е лидер на таблета со 20 бода од осум кола.
Bayern Munich vs Hannover 96 (4-0) Full… by rubin719
Резултатската криза на Борусија Дортмунд продолжува. Ако до сега изговор на тренерот Јирген Клоп беа повредените играчи, денеска тој настапи со најсилиниот состав, но забележа уште еден пораз.
Останати денешни резултати: Фрајбург – Волфсбург 1-2, Хановер – Борусија Менхенгладбах 0-3, Мајнц – Аугсбург 2-1, Штутгарт – Баер Леверкузен 3-3.
Борусија гостуваше кај Келн и забележа пораз од 2-1. Стрелци за Келн беа Вогт во 40 и Зелер во 74 минута, а едниствениот гол за „милионерите“ го постигна Имобиле во 48 минута. Борусија Дортмунд заостанува зад Баерн Минхен цели 13 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




