– Сакам да му кажам на Петров дека со ковање шајки не се води општина. Но, и досега јас немав таква можност бидејќи јас никогаш досега не сум била градоначалник на Карпош. Јас сум за фер избори, со културни луѓе, а не со властољубци кои манипулираат со граѓаните. Јас сум за чесна борба, но за тоа мораш да имаш и чесни противкандидати – рече Куновска.
Таа информираше дека во изминатиов период се сретнала со многу од граѓаните кои ѝ ги кажале секојдневните проблеми. Решение за тие проблеми има, порача Куновска, но само ако се има слух, добра волја и намера за тие да се решат.
– За секој проблем има решение. Во Карпош не чека борба, борба која самите мораме да ја поминеме ако сакаме и во нашата општина да има издржани капитални проекти. Јас сум народски, теренски човек, а не кабинетски и таква ќе останам и кога ќе седнам на градоначалничката фотелја. И тогаш ќе бидам меѓу вас бидејќи на тој начин се дознаваат и решаваат секојдневните проблеми – истакна Куновска во своето обраќање.
Таа ќе биде идниот градоначалник на Карпош бидејќ,и освен од членството, има масовна поддршка и од голем број од неопределните гласачи.
На самиот крај во своето обраќање, министерот Ставрески, ги информира жителите на Нерези дека од понеделник ќе ја добијат долгопосакуваната автобуска линија, која ќе сообраќа до Горно Нерези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.