| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува кавгата меѓу Антиќ и Врба – валканиот веш на виделина

makedonija - litvanija _010

Перо Антиќ лажел и манипулирал во македонската репрезентација со цел да не тренира -дегутантни работи што ги изнесе човекот што не се замарал со мојот лик и дело на прес-конференција?! Моите резултати како капитен немам што да ги дискутирам, има видеа на јутјуб од пречекот на мојата репрезентација. Никогаш немам земано денар од репрезентација, сум играл повреден, сум жртвувал многу и не сум имал задни намери да играм за КФМ да ми помагаат во мои матни нерасчистени бизниси – вели Перо Антиќ во изјава за Курир, одговарајќи му на Врбица Стефанов на обвинувањата дека е размазено дете и сака медиумско влијание. Кавгата започна откако Антиќ напиша ироничен статус што Врба беше поставен за тренер на МЗТ, врати Врба врати Антиќ, повторно Врба на прес, а сега одговара и Антиќ.

Тој вели:

Си ја напуштил репрезантацијата заради размазеноста на Перо Антиќ?! Ти ја напушти репрезентацијата зошто луѓето од федерација не го ставија твојот другар за тренер на младински категории. Истиот ти не дојде никогаш на ниедна вечера, па пушти видео на јутјуб да се видиш дека само ти не се радуваш на терен.

Не треба ти да ја  освестуваш македонската јавност, моето име и презиме си има тежина. Јас патам за медиумско внимание што си пишувам на мој профил на социјална мрежа што сакам, а ти на свикан прес пола саат ме плукаш!? Ништо не ти држи вода, со среќа на новото работно место и сконцентрирај се на него.

Јас секогаш во секое интервју мое ја истакнувам почитта спрема постарите, на секој Македонец млад играч сум направил се да му помогнам и за секого кој ми барале мислење сум кажувал сѐ  најдобро. Жал ми е што не можеш да го кажеш истото за себе. Јас ја завршувам шпанскава серија тука, тебе нека ти смислат твоите другари новинари што е следно после прес, секоја следна дискусија ќе ја префрлиме во други институции.

И за розевите исфарбани чорапи ке ти одговорев и за твојата способност како спортски директор на репрезентација, ама не сакам да вовлекувам други луѓе спрема кои имам полна почит. Не си ти наивен и не си станал играч од луѓе како мене, јас сум станал дежурен кривец од лицемерни ликови како тебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top