| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарната Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на „Евровизија 2013“ (видео)

Велшката поп-пејачка Бони Тајлер е избрана за евровизиска претставничка на Велика Британија.

Шеесет и едногодишната пејачка, чиј најпознат хит е „Total Eclipse of the Heart“ од 1983 година, изјави дека е почестена со поканата.

–      Ветувам дека ќе дадам сè од себе за Велика Британија – рекла Тајлер.

Велшанката ќе се претстави со песната „Believe in Me“. Еден од авторите на песната е нејзин долгогодишен соработник, кој, исто така, соработувал и со Бон Џови и со Рики Мартин.

Тајлер беше номинирана за три награди „Греми“ од 1984 година, меѓу кои и најдобар женски поп-вокал за песната „Total Eclipse of the Heart“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top