| четврток, 6 декември 2018 |

Времето денеска сончево со температура до 24 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде особено изразен долж Повардарието и во источните делови и ќе услови особено расчистување на маглата.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а ќе се искачи до 20
степени.

Во недела и почетокот на наредната седмица ќе се задржи претежно сончево време со пониски утрински температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top