Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде особено изразен долж Повардарието и во источните делови и ќе услови особено расчистување на маглата.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а ќе се искачи до 20
степени.
Во недела и почетокот на наредната седмица ќе се задржи претежно сончево време со пониски утрински температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


