Да се препознае кога некој лаже, тоа е корисно во сите сфери на животот, од деловните прилики до личните односи со луѓето. Сите во себе имаме скриен радар или чувство во желудникот, кое ни зборува дека нешто не е во ред, но сепак некои од нас се подобри во препознавање на лаги на други. Препознавањето на лагите може да се научи и да се истренира, само важно е да се знаат основите.
На луѓето очигледно им е нелагодно кога лажат. Тогаш покажуваат потсвесни и свесни сигнали дека смислуваат приказна: Ако сакате некого да препознаете и да го фатите во лага, обрнете внимание на физичките, тонските и емотивните знаци додека зборувате со тоа лице.
Обрнете внимание на своите емоции
1. Обрнете внимание на чувството на непријатност. Ако разговарате со некого и јасно чувствувате дека нешто не е во ред, можно е лицето да ве лаже.
2. Да се препознае разликата меѓу вистината и лагата може да биде тешко. Понекогаш, ако некој мора да соопшти лоша или непријатна вест, можно е да лаже, а всушност се работи за тоа дека лицето се наоѓа во многу стресна состојба или лицето е многу нервозно поради нешто.
3. Водете сметка за вродените особини. Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Масачусетс жените обично лажат за другите да се чувствуваат подобро и попријатно, додека мажите често лажат за да се претстават во подобро светло или да се оправдаат пред другите. Ова, секако е само генерална тенденција. Тоа не значи дека намерите на различни жени и мажи лесно ќе ги прочитате. Сепак, ако вашата добра пријателка лаже за својата нова пријателка, тоа можеби го прави бидејќи сака да ги поштеди вашите чувства.
Внимателно слушајте
1. Обрнете внимание кога некој во разговор пречесто употребува зборови како што се ти, ние или тие, наместо јас. Некој кој лаже ненамерно се обидува да се дистанцира од зборовите кои ги користи.
2. Забележувајте кога некој употребува термини Да бидам искрен, или Ако ја сакаш вистината. Освен ако тоа не се нормални идиоми кои ги употребува тоа лице, овие афирмации на вистината можат да бидат знак дека тоа лице лаже.
3. Внимателно слушајте и памтете за да можете да ги видите недоследностите или противречностите во приказната на тоа лице. Одлучете дали тоа е природна реакција на некоја ситуација која се случила. Ако ви се чини неприродно или не е исто со вообичаеното однесување, можно е лицето да лаже.
4. Тие ќе повторуваат зборови или фрази. Тоа се случува затоа што се обидуваат да ве убедат вас или себе дека нешто е точно. На пример повторување Не сум… не сум… повторно од ново. Со тоа повторување можат да се обидат да добијат на време додека не смислат приказна која ќе ви ја продадат.
5. Следете дали има премногу детали. Ако лицето ви зборува премногу непотребни детали, можно е да се обидува да ве убеди во лажна вистина. Освен ако тоа лице инаку не е некој кој многу зборува и оди во детали, можно е само да се обидува да ги попопни дупките со непотребни податоци. Кај испраксираните лажговци важи спротивното. Тие ќе ви понудат само гол скелет на приказната бидејќи знаат дека така имаат мали шанси да се зезнат или да ги откриете. Но, имајте на ум дека само околу 4 отсто од човечката популација се талентирани за лаги.
Следете го изразот на лицето и гестовите на телото
1. Следете го лицето на човекот кој ви кажува факти за кои сметате дека се лага. Ако тоа лице вели Да и истовремено, можеби и целосно дискретно одмавнува со глава од лево на десно и обратно и вели Не, а со главата ниша горе доле, потсвесно ви открива можна лага.
2. Научете да откривате лажни насмевки. Искрените и лажните насмевки се целосно различни, поради тоа што луѓето се смеат, не само со уста, туку и со очите, образите и целото лице. Ако забележите дека некој се смее само со устата, можеби нешто крие.
3. Следете го погледот на тоа лице. Тука постојат два екстреми – лица кои често го одвраќаат погледот од вас и тие кои нападно ве гледаат без многу трепкање. Лицата кои лажат не можат долго да одржат контакт со очите бидејќи потсвесно се чуствуваат непријатно гледајќи во очи на лицето кое го лажат (вакви луѓе обично многу трепкаат). Од друга страна, некои лица се обидуваат свесно да го потиснат ова чувство па неприродно долго ќе го држат погледот на другото лице, без многу да трепкаат. Кога човекот зборува вистина, претежно ќе гледа во очи, но сеедно повремено ќе ги тргне очите или дури на секунда ќе го одврати погледот. Свесните лажговци од друга страна ќе користат ладно и диреткно гледање за да покажат надмоќ и да воспостават контрола над ситуацијата.
4. Ако видите дека тоа лице прави неприродно брзи движења со главата, кога директно го прашувате, можно е да лаже. Главата обично ја повлекува наназад, ја спушта надоле и на страна и тоа ќе го направи точно пред да одговори на прашањето.
5. Кога некое лице лаже, дишењето може да се промени, т.е. да почне подлабоко и потешко да дише. Тоа е рефлексна реакција, а дишењето е проследено со кревање на рамента и отежнато зборување. Всушност, лицето помалку делува како да е задишано по брзо одење, бидејќи ритамот на срцето и протокот на крвта се менуваат. Оваа промена на телото се чувствува кога
сме нервозни или под голем стрес, како што е ситуација кога некој ќе не фати во лага.
6. Добро е познато дека лицата кои ја кријат вистината прават многу движења, но експертите тврдат дека треба да се обрне внимание и на лица кои воопшто не се мрднуваат. Ова е знак на примитивна невролошка борба на импулсите, наместо бегање кога телото се подготвува за можен конфликт. Кога зборуваме, во некоја нормална конверзација, природно се движиме во суптилни, опуштени и несвесни движења. А кога ќе забележите дека некој неприродно се здрвил тоа е знак дека нешто не е во ред.
7. Еден од очигледните знаци е дека лице кое лаже автоматски ја става раката или прстите преку уста и ги допира усните, тоа луѓето го прават кога не сакаат да одговорат на некое прашање или не сака целосно да одговори, или да се соочи со некоја ситуација.
8. Лица кои лажат инстиктивно ги допираат чувствителните делови на телото како грлото, градите, главата, или желудникот. Адвокатите во судница често ги гледаат овие знаци – најчесто прикривање на грлото со дланка.
9. Ако некогаш сте гледале снимено испитување на осомничен кој е виновен, често сте можеле да забележите дека тие лица се потешко зборуваат, како што поминува времето. Тоа се случува поради тоа што нервниот систем автоматски го намалува дотокот на течности за време на стресни ситуации, поради што устата се суши. Уште некои знаци се ненадејно грицкање на усните или прчење на усните.
10. Тешко голтање или прочистување на грлото пред одговор на прашањето, значи дека тоа лице нешто крие. Тоа е невербален еквивалент на вербалниот Ти се колнам, т.е. пакување на лага во целофан пред да ви ја врачи.
11. Уште еден начин на кој луѓето се решаваат на анксиозност е средувањето на нив самите или на околината која ги опкружува. Кога е соочено со одговор на прашање, лицето кое сака нешто да скрие ќе почне да ја мести вратоврската, очилата или да ја порамнува кошулата. Жена можеби зад уво ќе префрли прамен коса или ќе ја поправа сукњата. Или тоа лице ќе почне да ја средува околината. Вие поставете го прашањето, а тоа лице одеднаш ќе свати дека телефонот не е свртен на добра страна, дека чашата е преблиску, па ја поместува или го поправа чаршавот на масата.
12. Кога лажливецот ќе стане агресивен или жестоко се брани, ќе се обиде да ја преврти темата и да ве обвини вас за нешто. Тој тогаш станува лут бидејќи е фатен во лага, а тоа резултира со посочување на прст кон лицето, кое го открило во лага и го соочило со лагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.