Уште еден имам на Исламската верска заедница на Косово е уапсен за вмешаност во тероризам и поттикнување омраза. Според приштинскиот весник „Експрес“ станува збор за имамот Р.Т. од Хан Елези (Генерал Јанковиќ).
Имамот одржувал предавања организирани од сега веќе затворената невладина организација „Парими“ од Качаник и бил имам на џамија во село кај Хан Елези.
– Во ова гратче, до неодамна функционираа две наводни невладини организација со исмламски предзнак, „Исламска младина Качаник“ формирана од терористот Лавдрим Мухаџери, која работела на диво и НВО “Парими“, која била регистрирана. И двете работеле за сметка на терористичките групи во Сирија и Ирак, – наведува Експрес.
Како што и претходно пишуваше весникот ова и градот Качаник се бастион на косовските џихадисти, а тамошните имами имале силно влијание и во Македонија.
На 17 септември косовската полиција упаси дванаесет имами од повеќе населени места на Косово, на кои им беше одредена мерка притвор, но тројца од нив, меѓу кои и Шефќет Красниќи имам на Големата џамија во Приштина, сега истиот им е променет во домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.