Косовецот што деновиве се вратил од аџилак и за кого се сомеваше дека е заразен од вирусот на ебола, надлежните косовски служби тврдат дека нема симптоми на оваа болест.
Директорот на Националниот Инситут за јавно здравје, Насер Рамадани за радио Косово изјави дека споменатото лице е под целосна опсервација бидејќи повраќал но немал зголемена температура. Тој додаде дека пацентот нема никаков симптом на ебола.
-Лицето, кое се вратило од аџилак, под сомнение дека има некои евентуални клинички знаци на ебола, е под целосна опсервација, од доаѓањето на аеродромот, од Националиот инситут, од Инфективната клиника и синоќа заврши во Болницата во Дарданија каде што бил упатен од Инфективната клиника за да добие терапија бидејќи има повраќање, но не и зголемена температура – изјави Рамадани.
Според него, пациентот нема никакви симптоми на ебола поради што нема да бидат правени никакви анализи.
Веста дека има пациент со симптоми на ебола прво ја пренесе Клан Косова телевизија, повикувајќи се на лекари од болницата. Тие додале дека се чека анализа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации