| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна бура во Вашингтон

Во сојузната држава Вирџинија е прогласена вонредна состојба поради силниот снег, кој остави без електрична енергија 123 илјади домаќинства и други објекти

снежна бура

Снежна бура го погоди источниот дел на САД носејќи половина метар снег на некои места, а без електрична енергија останаа околу 250 илјади домаќинства.

Во сојузната држава Вирџинија е прогласена вонредна состојба поради обилниот снег, кој без струја остави 123 илјади домаќинства и други објекти.

Главниот град Вашингтон, како што јавуваат американските медиуми, во голема мера беше поштеден од невремето и не се соочи со посериозни проблеми, како што претходно се предвидуваше. Поради снежната бура, сите федерални институции вчера останаа затворени и беа откажани сите јавни настани, на кои требаше да учествуваат членови на Владата. Не работеа и судовите и повеќето образовни установи. Стотици летови беа откажани од аеродромите во Вашингтон, Филаделфија и во Њујорк. Властите издадоа предупредувања за опасност од поплави во дел од атлантското крајбрежје од Мериленд до Лонг Ајленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top