| четврток, 6 декември 2018 |

Турците најмногубројни туристи во Охрид

turisti-vo-ohrid_2014722152059

Главната туристичка сезона во 2014 година според статистичките податоци не е послаба во споредба со минатата година, сметаат во локалната самоуправа во Охрид.

Раководителот на Секторот за туризам и за локален економски развој (ТЛЕР) Ѓоко Апостоловски посочи дека слично на минатата и оваа сезона најмногубројни туристи во Охрид биле гостите од Турција со реализирани 9.717 посети и 14.405 ноќевања, по што следуваат Холанѓаните со реализирани 7.500 посети и остварени 43.500 ноќевања. Според бројот на посети следуваат соодветно туристите од Бугарија, Полска, Србија, Грција, Словенија, Хрватска, Албанија, Германија…

Анализирајќи ги статистичките податоци беше посочено дека дополнителна причина што не се остварени уште подобри резултати оваа сезона се и објективните фактори, односно лошите временски услови во текот на јуни и јули, како и новите светски трендови на поместување на периодот на користење на годишните одмори од јуни во септември.

Истовремено, според профилот на потрошувачката категоризација, најбројни во Охрид се гости кои во просек трошат меѓу 10 и 30 евра дневно.

– Мора да се има предвид фактот дека гостите од највисоката буџетска категорија бараат и соодветни услуги од висока категорија. Во насока на привлекување на таквата категорија гости во Охрид за во иднина се и плановите за изградба на неколку луксузни хотели што треба да бидат изградени наредните неколку години – рече Апостоловски.

Во текот на сезоната спроведени се и истражувања во чии рамки се анкетирани 104 домашни и 64 странски гости, и врз основа на нив и на статистичките податоци ќе се темели стратегијата на локалната самоуправа за наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top