Амал Аламудин-Клуни потрошила 3.700 долари за подароци за нејзиниот сопруг Џорџ Клуни по свадбата. 36-годишната адвокатка го разгалува својот сопруг со 12 рачно изработени коктел чаши од Венеција, секоја по 100 долари и сет од 12 свилени салфетки со прстени за салфетки во вредност од 2500 долари.
Двојката се венчаше во Венеција минатиот месец. На Амал ѝ се допаднала идејата да имаат исти коктел чаши како оние кои ги користеле во хотелот „Кипријан“ во Венеција. Џорџ им се восхитувал секој пат кога ќе ги погледнел за време на свадбените церемонии, а тие немаа време да одат да купуваат во Венеција, па таа ги нарачала како свадбен подарок за него. Амал планира да ги стави обоените чаши во нивниот нов дом вреден 10 милиони фунти во малото село Сонинг Ај, централна Англија. Тоа значи дека секој пат кога ќе си направат коктел дома, ќе мислат на нивната венчавка, и тоа ќе ги буди сите нивни среќни спомени. Амал оваа недела го зема презимето на Џорџ и се откажа од моминското презиме Аламудин. Во моментов таа е во Грција.
Коктел чашите и салфетките не се единствениот подарок на Амал за Џорџ по нивната свадба. Неодамна таа купила и две кучиња од расата кокер шпаниел за 53 -годишниот актер. А, пред свадбата, адвокатката му подарила на Клуни стилски манжетни за кошула.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Хари и Меган ја шокираа јавноста: Ги вратија сите подароци, а задржаа само еден
-
Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти
-
Како Џорџ ја засака Амал – приказната за нив е како модерна бајка!
-
Изложба за првиот роденден на WOW Box трае и денеска и утре