Две бомби од Втората светска војна го затворија аеродромот „Македонија“ во Солун, пренесува „РИА Новости“. Градежни работници ги пронашле експлозивните уреди од пред приближно 70 години за време на поправки на патеката на вториот по големина аеродром кај јужниот сосед. На местото пристигнале стручните екипи, кои ги деактивирале бомбите. За време на операцијата аеродромот и патиштата кон него биле блокирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.