| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕверката од „Сексот и градот“ за Кери: Таа беше таква к**ва

seksot i gradot keri i zverkata

Глумецот Крис Нот (59) не верува дека ќе се сними ново продолжение на „Сексот и градот“ сѐ додека не го чуе зборот „акција“, а воедно открил и што мисли за ликот на славната колумнистка Кери Бредшо.

Тој во своите коментари во врска со неговиот лик Ѕверката и ликот Кери Бредшо, која ја глуми Сара Џесика Паркер, изјавил дека нивната врска едноставно не фукционирала. Тој се оженил, а таа се свртела кон други мажи. Кери беше таква „к**ва!“, а додал и дека не верува оти ќе се сними ново продолжение сѐ додека не го чуе зборот „акција“.

Инаку, многу обожавателки на серијата „Сексот и градот“ плачеа гледајќи ја епизодата во која Ѕверката ѝ го крши срцето на Кери напуштајќи ја на денот на нивното венчање.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top