Новиот висок комесар на Обединетите нации за човекови права, Заид ал Хусеин изјави дека еболата и џихадистичката групација „Исламска држава“ се две чуми, кои му се закануваат на светот.
Според Ал Хусеин, кој денеска ја одржа својата прва прес-конференција, откако ја презеде функцијата од Нави Пилај пред шест недели и двете закани се развивале без препреки, игнорирани од светот, кој не го предвидел нивниот потенцијал.
Ал Хусен нагласи дека агенцијата на ОН, со која тој раководи, почнала да изготвува препораки за земјите, засегнати од еболата, доколку е потребно да се воведе мерка за ставање на населението во карантин, бидејќи таквите мерки мошне лесно можат да нарушат серија човекови права, доколку се применуваат несоодветно.
Високиот комесар за човекови права изјави дека борците од ИД, кои заземаат територии на Ирак и Сирија, преставуваат „жестоко движење, кое има потенцијал да изврши геноцид“.
– Тоа движење е производ на перверзниот и смртоносен брак меѓу новата форма на нихилизмот и дигиталната ера, додаде Ал Хусеин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари