| четврток, 6 декември 2018 |

Сомалиец фатен на граница со украдено возило

лисици

Дваесет и двегодишен Сомалиец вчера се пријавил на граничниот премин „Табановце“ со возило „ровер“ со кумановски таблички, при што било утврдено дека истото било украдено.

Тој кажал дека возилото е на неговата сопруга, но по извршените оперативни проверки е утврдено дека возилото е сопственост на лице од село Табановце.

Лицето е приведено, се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top