Кога излегувате на кафе или на ручек, често ви се случува да побарате чаша вода, но откако ке го прочитате ова ќе заборавите на таа навика.
Вода со мраз
Поголемиот број луѓе добиваат мраз во својата чаша, без разлика дали побарале или не, но „Дејли мејл“ спроведе истражување и заклучи дека во калапите за мраз има повеќе бактерии отколку во водата што се наоѓа во ВЦ-шолјите.
Вода со лимон
Во некои ресторани и кафулиња во водата ќе ви стават и парче лимон, но вистината е дека тоа е уште едно место за бактерии. Резултатите од истражувањето објавено во „Журнал оф енвироментал хелт“ покажуваат дека на околу 70 проценти од овие парчиња има микроби.
Чаша
Првите две години, Елизабет Лејми спровела истражување и во американските ресторани и тестирала каде има најмногу бактерии. Меѓу 10 површини на кои имало најмногу бактерии, се нашле токму чашите.
Персоналот треба да ги допира само на дното, а многумина не се придржуваат до тоа правило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


