Албанија е транзитна земја и дестинација за канабис, кокаин и хероин, стои во извештајот на американскиот Стејт департмент. Во последниот извештај за Меѓународната стратегија за контрола на накотици за 2012 година, стои дека кога станува збор за марихуаната Албанија е земја извор за земјите од Европската унија. Извештајот продолжува со оценката дека лани албанските власти видно го зголемиле запленувањето на дрога и апсењата на лица инволвирани во шверцот со наркотични средства.
– Албанските власти ја зголемиле активноста во сузбивањето на овој вид шверц и тоа се должи на подобрената обука на полициските сили и подобрувањето на техниката на откривање и спречување, оценува американскиот Стејт департмент. И покрај напорите на полицијата производството на канабис сатива во земјата лани пораснало за 175 отсто.
Што се однесува до Косово, во извештајот стои оценката дека оваа земја продолжува да биде транзитна земја за наркотични супстанци во правец на Еворпа, но оти не е суштински производител на дрога.Во документот се посочува дека во деветте месеци од минатата година на Косово биле запленети над тон марихуана, 51,5 кг хероин и 7,2 кг кокаин.
– Да се оцени нивото до каде влиаје корупцијата во трговијата со дрога во Косово е тешко. Иако законите ја спречуваат корупцијата поврзана со наркотиците, дрогата сепак циркулира преку границите на Косово со камиони, автобуси и приватни автомобили, во многу случаи со помош на цариниците кои примаат мито, стои во извештајот.
Извештајот за Косово завршува со збир на соработката и размената на информации меѓу Косово и соседните земји, на неформални средби. Во тие рамки се нагласува и соработката на Косово со САД во бробата против трговијата со дрога како и обуките кои ги нудат САД и техничката помош за косовската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации