| четврток, 6 декември 2018 |

Моторциклист повреден во сообраќајка во Скопје

Во Скопје денеска во 15.50 часот се случила сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено. Несреќата се случила на раскрсницата со улиците „Франклин Рузвелт“ и „Павел Шатев“.

Sudar ruzveltova 2 (Custom)

Од СВР Скопје велат дека до несреќата дошло при судир на автомобил „Тојота“ и мотоцикл, двете возила со скопски регистерски таблички. Во сообраќајката со повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Градската болница „8-ми Септември“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top