| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на ФС на Албанија: Не е важно кој ќе ги добие бодовите

 duka

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија Армандо Дука изјави дека УЕФА треба да донесе одлука во служба во развој на фудбалот.

– По она што се случи во Белград не можеме да зборуваме за фудбал и не е важно кому ќе му припаднат бодовите. Не би сакал никој да биде оштетен, ама не беше можно да го продолжиме натпреварот. УЕФА ќе мора да донесе одлука која ќе биде во насока на развој на фудбалот – изјави Дука.

Првиот човек на албанскиот фудбал додаде дека што поскоро  треба да се надмине оваа ситуација и да се мисли на фудбалот и спортот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top