| четврток, 6 декември 2018 |

Албанци напаѓаат Срби на Косово

srbi

Петнаестина минути по прекинот на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија, се случил напад на непознати лица на парохискиот дом во српското село Ораховец во Косово.Како што јави радиото „Контакт плус“, тројца млади Албанци со повиците „Албанија, Албанија“, поминале низ српскиот дел на градот, притоа кршејќи стаклени шишиња од ѕидовите на српските куќи, а најмногу на плоштадот пред црквата „Успение на пресвета Богородица“, каде го искинале српското знаме, кое било закачена на една од бандерите во центарот на српскиот дел од градот.
Тие потоа со поголем камен фрлеле на прозорците на Парохискиот дом, погодувајќи ја собата во која во тој момент се наоѓала попадијата со своите две малолетни деца.
За среќа, во текот на нападот, никој не е повреден.
Напаѓачите во истовреме на ѕидот на напуштена и руинирана српска куќа, која се наоѓа спроти Парохискиот дом, закачиле знаме на Голема Албанија, а потоа побегнале во непознат правец.
Радиот контакт плус наведува дека на местото на настанот набрзо дошла Косовската полиција која извршила увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top