Нестандардни, чудни и сомнително удобни се следниве три пара чевли што ќе ги видите.
Со сета почит кон креативноста на дизајнерите на чевли, но понекогаш се сомневаме колку се потрудиле да ја обезбедат една од најважните работи – удобноста.
Проценете сами, иако не во живо, туку на слика.
Архитектката Заха Хадид за марката „лакост“ креирала модна линија чевли во минималистички стил. Овие чевли се направени од мека телешка кожа. Работејќи над овој модел, Заха сакала да создаде чевли во кои човекот ќе се чувствува исто толку удобно колку и бос.
Бразилката Андреа Чавес е дизјанерка која може да се пофали со најсмелите идеи во областа на дизајнот на чевли. Невидливите чевли се едни од нејзините последни креации. Тие се со целосно огледална површина, малку искривена, која создава неповторливи оптички ефекти.
Создавајќи ги овие чевли, дизајнерката Натали Касет Торн се надевала дека ќе направи револуција во модата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.