Австралиецот Ричард Фланаган е годинашен добитник на книжевната награда „Букер“ за романот „ The Narrow Road to the Deep North”, јавија агенциите.
– Големи теми во книжевноста отсекогаш биле љубовта и војната. Тоа е величенствен роман за љубовта и војната – изјавиЕнтони Грејлинг, претседател на жири-комисијата која ја доделува „Букер“ наградата.
Фланаган (53) е трет Австралиец кој ја доби наградата „Ман Букер“. Студирал книжевност на универзитетот „Оксфорд“, а на наградениот роман работел 12 години.
Добитникот на наградата доби чек од 50 илјади фунти. Оваа награда се доделува од 1969 година. Минатата година наградата ја доби Елинор Катон, писателка од Нов Зеланд.
Во конкуренција за оваа награда беа писатели од Велика Британија, Ирска и 54 земји од Комонвелтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.