| четврток, 6 декември 2018 |

Металург во шампионски ритам обезбеди пласман на завршницата во СЕХА лигата

metalurg-e1338198935518Македонскиот првак Металург, му се реваншира на белорускиот тим Мешков Брест, во СЕХА лигата и победи идентично на поразот во Белорусија со 28-26. Скопјани останаа лидери со 35 бода по 16 одиграни натпревари и сигурно ќе играат на фајнал-фор турнирот.

 

Одлично деби за Металург имаше крилото Корожија со 6 гола и стопроцентен учинок. Словенецот дојде како замена за повредениот Дејан Манасков и веднаш покажа дека ќе биде квалитетно засилување за македонскиот шампион. Со 7 погодоци најефикасен беше неговиот сонародник Козлина. Металург го реши натпреварот во финишот, а Гоце Георгиевски со првиот гол на мечот, постигнат во последните секунди го постави конечниот резултат, 28-26.

Во противничкиот табор незадржлив беше Данецот Кнудсен со 6 гола, сите во второто полувреме.

 

Металург е на врвот на табелата со 35 бода, 3 повеќе од Загреб, тим на кој ќе му гостува в сабота во големото дерби на СЕХА-лигата. Последниот меч „металурзите“ ќе го одиграат на 19.март против Вардар Про, а најверојатно и двете наши екипи пак ќе бидат учесници во фајнал-фор турнирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top