| четврток, 6 декември 2018 |

Романската база не е закана за Русија

nato romaniaРоманската база за противракетна одбрана (ПРО) Девеселу и системот за противракетна одбрана на НАТО не претставуваат никаква закана за Русија, изјави денеска заменик генералниот секретар на Алијансата, Александар Вершбоу.

– НАТО и Русија одамна се согласија дека постои закана од ширењето на балистичките ракети. НАТО треба да се заштити, а истото го прави и Русија. И покрај сите докази, Русија одбива да види дека системот за ПРО ја зголемува регионалната безбедност и е насочена кон закани што не се поврзани со Русија, рече Вершбоу.

На 10 октомври командата на европската база за ПРО во Девеселу беше преземена од Воената морнарица на САД. Во текот на последната година поранешната романска воздухопловна база беше одново опремена за да почне инсталирањето на системот за ПРО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top