| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонците во гинис – на фестивал истрелан најголемиот огномет во свет

Image_4366572_405

Пред околу 600.000 гледачи на фестивал во јапонскиот град Коносу беше истрелан најголемиот огномет во светот, кој на небото оформи хризантема со дијаметар од околу 800 метри, пренесува „Дејли мирор“.

Огнометот беше проследена со други 15.000 небесни експлозии. За истрелувањето на огнометот-рекордер беше потребна специјална 460-килограмска ракета со дијаметар 120 см. Таа беше именувана од нејзините креатори како четирикрака топка. Рекордот беше официјално регистриран во Гинисовата книга на рекорди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top