Познатиот британски пејач Дејвид Боуви ја претстави својата нова песна „Sue (Or In A Season Of Crime)“ во етерот на „Би-Би-Си радио 6“. Околу седумминутната џез- композиција ќе биде дел од претстојната компилација на музичарот „Ништо не се сменило“. Освен тоа, ќе излезе на 10-инчна грамофонска плоча, како и дигитално на 17 ноември.
„Sue (Or In A Season Of Crime)“ била снимена во текот на летово во Њујорк заедно со продуцентот Тони Висконти и со оркестарот на Марија Шнајдер. Набргу откако беше пуштена песната, на профилот на 67-годишниот пејач на „Фејсбук“ беше објавен и нејзиниот текст.
„Ролинг стоунси“ објави дека делото е најдоброто џез-докажување на Боуви од времето на албумот Aladdin Sane (1973), a начинот на пеење го спореди со тој на пејачот Скот Вокер, кого Боуви пред извесно време го прогласи за еден од своите најголеми идоли како дете. Новата песна е прва по десетгодишното молчење на Боуви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)