
Исламската држава во својот пропаганден магазин „Дабик“ објави директна закана до Ватикан, срцето на христијанството. На насловната страница се прикажани Рим и Ватикан на кои се веат знамиња на самопрогласениот калифат.
Текстот во списанието што е именувано по сирискиот град каде што во 1516 година е воспоставен првиот исламски Калифат, ги повикува сите муслимани да ги нападнат и убијат сите христијани што ќе ги сретнат.
Се додава и дека е оправдано киднапирањето жени невернички, кои би се користеле како сексуални робинки.
На насловната под наслов „Пропадна крстоносната војна“ е објавена фотомонтажа на големиот обелиск на плоштадот „Свети Петар“, на чијшто врв виори црното знамена калифатот.
Во текстот се цитира и Билал Босниќ, најистакнатиот вахабисти на подрачјето на БиХ, кој од пред неколку недели е приведен во рамки на акцијата „Дамаск“. Тој ветува дека екстремистите ќе го донесат калифатот во срцето на христијанството, па макар тој и да не е жив да го види тоа.
– Целиот свет ќе биде Исламска држава. Наша цел е и Ватикан да стане муслимански – рекол тој.
Папата Франциск, наводно, е една од целите на џихадистите затоа што го сметаат за „лажен пророк и предводник на неверниците“. Од Ватикан уште минатиот месец соопштија дека е засилено обезбедувањето поради сè почестите закани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


