Премиерот на Австралија, Тони Абот, денеска изјави оти на самитот на Г-20, на средба со рускиот претседател Владимир Путин, ќе инсистира на утврдување одговорност за падот на авионот на „Малезија ерлајнс“.
Неизвесно беше дали Путин ќе присуствува на најавениот самит на Г-20 на 16 и 16 ноември во Бризбејн, но австралискиот министер за финансии, Џо Хоки, вчера го потврди присуството на рускиот претседател.
Абот истакна дека во разговорот со Путин ќе инсистира на утврдување на одговороста за падот на малезискиот авион, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот. Западот за несреќата ги обвинува проруските сили во источниот дел на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.