
Неделата ја почнуваме речиси исто како што ја завршивме минатата. Ведро време во најголем дел од земјава уште наутро, освен низ дел котлините во источниот и повардарскиот регион. Во споменатите региони повторно претпладне ќе има услови за ниска облачност и слаба магла. Повторно другиот дел од денот насекаде ќе донесе сончево време низ целата земја.
Според метеопро.мк, максимална температура 24 Целзиусови степени се очекува во северната половина на земјата, а во југозападниот регион 23 Целзиусови степени. Максимална до 26 Целзиусови степени се очекува во југоисточниот крај.
Во Скопската Котлина се очекува сончево време. Повторно ќе има услови за појава на ниска облачност претпладне. Максималната вредност на температурата ќе достигне вредност до 25 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


