| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Приведени 17 лица за време на новите протести во Фергусон

фото: ЕПА

фото: ЕПА

Американската полиција приведе 17 лица осомничени за недозволено собирање за време на вчерашните протести во Сент Луис и Фергусон во американската сојузна држава Мисури.

Протестите се организирани поради убиството на невооружено црно момче во август годинава и неодамнешното убиство на уште еден црн тинејџер.

Причина за новите протести против полициско насилство и расна дискриминација е најновиот случај на убиство на 18-годишниот црнец Вондерит Мајерс, што во средата во Сент Луис беше убиен од припадник на полицијата.

Шефот на полицијата во Сент Луис Сем Дотсон на „Твитер“ објави дека демонстрантите сакале да кршат приватни згради, како и дека фрлале со камења кон полицијата.

Граѓаните на Фергусон и на Сент Луис планираат да излезат на собир и денеска, но точното време на протестите ќе биде објавено непосредно пред почетокот, со цел да се избегне акција од страна на полицијата.

Според Дотсон, 32-годишниот полицаец истрелал 17 куршуми во тинејџерот, кој истрелал најмалку три куршуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top