
Непознати лица на помошните објекти на манастирскиот дворец во Високи Дечани, напишале графити ИСИС (Исламска држава Ирак и Сирија), Калифатот доаѓа, “УЧК” (Ослободителна војска на Косово), “АКШ” (Албанска национална армија). Натписите на арапски јазик се напишани со црвена и црна боја.
Фотографиите со напишаните графити на социјалната мрежа Твитер ги објави игуменот на манастирот, Сава Јањиќ, но тоа го потврди и полицијата од Пеќ, чии екипи извршле увид.
– Во момонтов немаме осомничени, но ги реализираме сите потребни активности, изјавил регионалниот полициски портпарол Џеват Ибрај.
Чинот на пишување на овие графити ескпресно го осуди претседателката Атифете Јахјага . Според неа вандализмот врз еден споменик на културното наследство, споменик од од верски карактер не придонесува во изградбата на довербата меѓу заедниците и е во спротивност со вредостите на меѓуверската и меѓуетничка толеранција кои се втемелени во косовската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


