
Малата Теа од Норвешка твдеше дека со само 12 години веќе станала невеста. Таа на интернет ги објавуваше сите информации за нејзината венчавка за 37-годишниот вереник Гир. На совијалните мрежи известуваше за подготовките на нејзината свадба – Дегустацијата на тортата, кодбирањето на цвеќето, па се до нејзината нервоза околу првото нејзино сексуално искуство.
Нејзиниот блогја возбуди Норвешката јавност и „ја дигна на нозе“. Голем број луѓе се обиделе да ја контактираат власта за да го пријават случајот на детска венчавка кој е забранет. Но доколку Теа навистина би се омажеше, би била само една од 39.000 девојчиња кои се присилени на вакви бракови.
Целата оваа приказна всушност била кампања на интернационална организација која се залага за правата на девојчињата, особено младите невести ширум светот.
Измислената венчавка беше закажана за 11 октомври, на Меѓународниот ден на девојчето. Девојчињата кои се присилени да влегуваат во вакви бракови главно се сиромашни, а сите нивни сништа се уништени кога тие буквално стануваат сопственост на новите сопрузи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


