| четврток, 6 декември 2018 |

Италијански џихадисти преку тиранскиот аеродром заминувале за Сирија

tirana aerodromИталјанските власти имаат цврсти сознанија дека нејзини државјани го користат аеродромот во Тирана за да отпатуваат во Сирија и да војуваат на страната на групата Исламска држава (ИД).

Поради тоа, како што јави дописникот на МИА, Рим од албанските власти побарал детални имформации во врска со патувањето на италијанските државјани за Турција, по што, според сознанијата, продолжуваат за Сирија.

Веста ја потврдуваат од албанското обвинителство, како и полицијата, од таму објаснуваат дека италијанските безбедносни служби упатиле вакво барање до нивните албански колеги откако во Италија бил уапсен марокански државјанин, кој признал дека тиранскиот аеродром го користат како транзит за да стигнат во Турција, а потоа на сириско тло.

– Италијанската страна бара од албанската, евидениција за сите случаи кога италијански државјани патуваат за Турција преку аеродормот „Мајка Тереза“, нивно докуменирање и враќање назад. Истото од италијанските власти го побарале и албанското обвинителство и полицијата. Тоа поради појавата албански граѓани кои одлучиле да заминат во Сирија ја напуштаат досегашната релација Тирана-Турција-Сирија и ги користат италијанските аеродроми за таа цел, наведуваат албанските медиуми.

Ова барање на албанските власти следува по апсењата во Албанија и истрагата, благодарение на која е составен е список на лица на кои им се забранува излез од земјата и кој е доставен до италијанските власти.

Размената на информации меѓу двете земји,констатираат медиумите, доаѓа во време кога многу муслимански верници продолжуваат да се приклучуваат во редовите на исламските џихадисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top