Роџер Федерер ја збогати колекцијата со трофеи со триумф на турнирот од Мастерс серијата во Шангај, прва за него во овој кинески град и вкупно 81. во кариерата. Со 7-6, 7-6, швајцарскиот ас го надигра Жил Симон во финалето и сосема заслужено се искачи на тронот.
Со успешниот од на турнирот Федерер се проби и на втората позиција на АТП листата, зад Новак Ѓоковиќ, тенисер што го победи во полуфиналето во Шангај.
Роџер само ја дополни богатата колекција на титули и е најтрофејниот активен тенисер на планетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


