Балетанот Павел Дмитирченко и уште две лица признаа дека го извршиле нападот на Сергеј Филин, уметничкиот директор на Балетот на театарот „Бољшој“, јави српски „Блиц“. Дмитриченко бил организатор на нападот со солна киселина, а Јури Заруски го возел комбито за бегство. Московската полиција соопшти дека и двајцата се уапсени. На Филин на 17 јануари му беше фрлена сулфурна киселина во лице. Филин доби тешки изгореници на окото и се наоѓа на лекување во Германија. Најновите вести се дека видот во левото око полека му се враќа. Се верува дека нападот е поради љубомора на успехот на Сергеј. Дмитриченко е познат по улога на Иван Грозниот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.