Првиот фестивал на прозата во Македонија „Про-за Балкан“ ќе заврши вечерва, со доделување на наградата „Прозарт“ за развој на балканската книжевност. Добитник е српскиот писател Владислав Бајац и ќе му биде врачена во книжарница „Икона“ во ТЦ „Сити мол“. Наградата ќе ја додели писателот Александар Прокопиев, уметнички директор на „Про-за Балкан“.
Владислав Бајац (1954) е познато книжевно име на Балканот, добитник на „Балканика“ во 2008 година за романот „Амамот Балканија“. На македонски јазик се преведени повеќе негови книги, како „Книга за бамбусот“, „Друидот од Синдидун“, „Бегство од биографија“, „Европо експрес“. Добитник е на 12 релевантни награди, преведен на дваесетина јазици, а многу негови дела се адаптирани за театарски претстави. Негова последна книга е „Гастрономадски приказни“. Бајац е познат и како сопственик на издавачката куќа „Геопоетика“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лејла Каламујиќ со три настапи на Про-за Балкан
-
Вечерва почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“
-
Уредничка од легендарниот „Зуркамп“ и основачот на „Далки архив прес“ – гости на „ПРО-ЗА Балкан“
-
Добитникот на наградата „Прозарт“, Јерговиќ: Светот ќе го спасат Македонецот што го чита Кадаре и Албанецот што го чита Урошевиќ!