| четврток, 6 декември 2018 |

Вселенска ревија на „Шанел“ во Париз

ревија

Карл Лагерфилд го прослави глобалниот успех на „Шанел“  со неверојатно шоу на Париската модна недела, на кое моделите се движеа околу огромен глобус под стаклениот покрив на салата „Гранд палас“.

Првиот бутик на легендарната Коко Шанел беше отворен пред еден век во Нормандија (регион во Франција), а денес има 300 продавници низ целиот свет, кои беа претставени со знаменца на глобусот.

Шоуто беше концентрирано на славење на дизајнерот со германско потекло, Карл Лагерфилд, кој со својата креативна работа во последните три децении ја претвори марката во глобална империја, а почна само со три или четири бутици.

Моделите ја претставија колекцијата зима 13/14 со црни, сини, сиви и розови тонови, со крзнени шапки и со кожени обвивки на нозете – како хеланки од бутот до глуждот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top