Колин Џефри, британски бизнисмен, кој пред неколку години беше прв човек на Советот за странски инвеститори во Македонија е Британецот кој почина во Скопје со симтоми од ебола, ексклузивно дознава Телеграф.мк.
Ова го потврдува и Мајкл Инглиш, пријателот на Џефри, кој во моментов е во карантин во хотелот „Супер 8“ во Мавровка.
За Телеграф.мк Инглиш раскажува дека со Џефри заедно дошле во Македонија со намера да најдат инвеститори за
проект за рибник во близина на Охрид. Биле долгогодишни пријатели.
-Два дена не се чувствуваше добро. Имаше температура, но не сакаше да оди на лекар. Утрото кажа дека му е подобро. Се договоривме да се чекаме долу во хотелот во 12 часот. Се јави и кажа дека не се чуствува добро, му се тресеа рацете. Беше
целиот збунет. Од хотелот викнаа амбулантна кола – раскажува Инглиш за Телеграф.мк.
Вели дека Џефри живее во Кембриџ, има сопруга и три деца. Семејството е информирано за несреќниот случај. Инглиш вели дека е „лудо“ да се помисли дека бил болен од ебола бидејќи во Африка бил пред шест години. Но, како што вели, не е точно дека неговиот пријател бил алкохоличар.
-Пиеше алкохол, но не повеќе од другите – вели тој.
За Џефри вели дека работел како советник на македонската Влада.
-Двајцата работевме во Џонсон Мети. Џефри ссе пензионираше пред некоја година – објаснува Инглиш за Телеграф.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари
-
Британец се вљубил во тетовка, а таа да ти била Бугарка: Го лажела, го залудела, па жив го покрала
-
Крег Шекспир, човекот кој за само четири меча влезе во историјата на Премиер лигата