Во прашката болница „На Буловце“ е примен пациент за кој постои сомнеж дека е заразен со ебола, потврди за чешките медиуми портпаролот на болницата Мартин Шалек.
Педесет и шестгодишниот маж кој неодамна се вратил од Африка има симптоми како внатрешно крвавење и температура кои може да укажуваат на ебола, но и на други болести.
-Пред неколку часа примивме и хоспитализиравме маж чии симптоми и здравствена состојба потсетуваат на ебола – рече синоќа Шалек.
Периодот на инкубација за еболу изнесува 21 ден, и во тоа време болеста не се пренесува, потсетува чешкиот весник „И днес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На еден откриен пациент со алергија на глутен, има седум неоткриени
-
Го донеле на Ургентен, лекарите не смееле да му го спасат животот поради оваа тетоважа
-
Расправија во приватна амбуланта: Пациент се карал со докторите, не сакал да го плати прегледот
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари