| четврток, 6 декември 2018 |

Во Прага примен пациент со симптоми на ебола

Во прашката болница „На Буловце“ е примен пациент за кој постои сомнеж дека е заразен со ебола, потврди за чешките медиуми портпаролот на болницата Мартин Шалек.

Педесет и шестгодишниот маж кој неодамна се вратил од Африка има симптоми како внатрешно крвавење и температура кои може да укажуваат на ебола, но и на други болести.

-Пред неколку часа примивме и хоспитализиравме маж чии симптоми и здравствена состојба потсетуваат на ебола – рече синоќа Шалек.

Периодот на инкубација за еболу изнесува 21 ден, и во тоа време болеста не се пренесува, потсетува чешкиот весник „И днес“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top