„Претседателот на Комисијата, г. Јункер, го известив дека се повлекувам од кандидатурата за комесар и заменик-претседател на Европската комисија. Му благодарам за целата поддршка, но не сакам да се комплицира постапката за именување на Комисијата. Ја прифаќам својата одговорност за ваквата состојба, но исто така сум и свесна за целата констелација околу моето именување. Се надевав дека Словенија ќе добие силна позиција во рамките на Комисијата и дека домашната политика ќе биде заедно во една толку важна кандидатура. За жал, мојата процена беше погрешна. Поднесувам оставка денеска затоа што сакам на новата словенечка влада што е можно поскоро да избере нов кандидат и предлогот да го испрати во Брисел“, напиша Братушек на „Фејсбук“.
Шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на „Твитер“ искоментара дека ја почитува нејзината одлука. Во изјавата за медиумите, сепак, додава дека одлуката ја покажува посветеноста на Европската унија, Словенија и демократскиот процес.
I have a lot of respect for @ABratusek‘s decision to resign as Vice-President designate of the @EU_Commission http://t.co/KhX85oR3Q5
— Jean-Claude Juncker (@JunckerEU) October 9, 2014
„Нејзината одлука ќе ми помогне да го завршам на составот на Европската комисија“, напиша Јункер, додавајќи дека е во близок контакт со премиерот Миро Церар што се однесува до идниот словенечки кандидат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.