Полицаец кој не бил на должност застрелал Афроамериканец кој пукал кон него, вели полицијата. Убиството предизвика нови протести на само неколку километри одалеченост од предградието на Сент Луис, Фергусон. Роднина на убиениот тврди дека тој бил невооружен и дека „имал сендвич в рака за кој мислеле дека е пиштол“.
Полицијата, пак, соопшти дека 32-годишен полицаец, кој носел полициска униформа, се обидел да застане сомнитечно лице кое бегало. Бегалецот, стар меѓу 18 и 20 години, се завртел и пукал кон полицаецот, кој возвратил и го убил осомничениот.
Почната е истрага, а истовремено и група на демонстранти се собрала на место на инцидентопт во јужниот дел на Сент Луис, недалеку од Фергусон, познат по насилните протести заради убиството на афроамериканец убиен од белец полицаец. Околу 200 демонстранти излегле на улица, а десетина од нив во еден момент почнале да удираат по двете полициски возила во кои биле полициски службеници.
Јавното радио го цитира шефот на полицијата Сем Дотсон кој вели дека полицаецот стрелал 17 пати. Дел од оние кои биле на протестите на твитер објавија: „На местот на смртта на уште еден млад човек. Ова се случува многу често во нашиот град. Ова е криза која секој од нас треба да го загрижи.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)