| четврток, 6 декември 2018 |

Плевнеш на симпозиумот „Како да се спаси Европа“ во Франција

unnamed

Македонскиот писател Јордан Плевнеш, Ректор на Униеврзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, е почесен гостин на традиционалниот фестивал „Рандеву со историјата”, во францускиот град Блуа, познат по замоците на Лоара, кој се одржува од денеска до 12 октомври 2014 година.

На овој значаен европски настан учествуваат стотина интелектуалци, писатели, синеасти, историчари и политичари од сите европски земји. Плевнеш е единствен учесник од Југоисточна Европа и ќе зборува на централната тема на годинашното издание „Како да се спаси Европа“, преку историската визура на Македонија и Балканот.

На истоимениот саем на книгата ќе бидат презентирани многубројните изданија на неговите драми, есеи и романи од реномирани француски издавачи, како што се „Табл“ „Ронд“, „Галимар“ и „Антропос“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top