На тенискиот турнир во Шангај продолжија елиминациите на фаворитите, а најнова „жртва“ во третото коло е Енди Мареј. Шкотскиот тенисер во три сета загуби од Давид Ферер, што и не е преголемо изненадување, со оглед на квалитетот на Шпанецот, а Мареј само им се приклучи на веќе испаднатите од трката за трофејот – Надал, Вавринка, Димитров, Раониќ…
Сега патот до титулата е полесен за двајцата големи фаворити Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, тенисерите што од понеделник ќе бидат рангирани како број еден и број два на светската ранг-листа. По елиминацијата на Надал, Федерер ќе го смени Шпанецот на втората позиција на листата на АТП, а Ѓоковиќ, кој и во Шангај е прв носител, одамна е на врвот на планетарната тениска листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.