| четврток, 6 декември 2018 |

Патник од урнатиот малезиски авион во Украина бил пронајден со маска за кислород на лицето

298 Crew And Passengers Perish On Flight MH17 After Suspected Missile Attack In Ukraine

Еден од загинатите патници на малезискиот „боинг-777“, што во јули беше соборен во Украина, бил пронајден со маска за кислород на лицето, информира шефот на холандската дипломатија Франс Тимерманс. Авионот, кој леташе од Амстердам за Куала Лумпур, на 17 јули падна во источна Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, главно Холанѓани. Досега, како што јави ТАСС, се сметаше дека сите во авионот загинале веднаш.

– Луѓето едвај можеле да видат дека им се доближува ракетата, но знаете ли дека еден од загинатите бил откриен со маска за кислород на лицето? Значи имал време да го направи тоа. Најмалку што треба да направиме е да не ја исклучуваме и таа можност – рече Тимерманс за холандската телевизија НОС.

Првичниот извештај за причините за несреќата, објавен од холандскиот Совет за безбедност, не соддржеше никакви сведоштва за маската за кислород.

Според податоците на организацијата, „боингот“ бил удрен од мноштво висококоцентирани честички поради што веројатно се распаднал уште во воздухот. Според експертите, во таква ситуација луѓето во авионот живееле уште само неколку секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top