
Главниот град на Иран, Техеран, е во војна со големи стаорци, тешки и до пет килограми, јавуваат медиумите на таа земја. Според пишувањата, во Техеран има двојно повеќе стаорци од жители.
Овој ирански град отсекогаш имал проблеми со стаорците. Секоја пролет, кога почнуваат да се топат снеговите на планината Алборз, тоа предизвикува подземни поплави што ги тера стаорците од нивните живеалишта. Во 2000 година градските власти почнаа голема акција за да ги отрујат глодарите, но тоа не го реши проблемот, туку, напротив, како да ги направи поотпорни.
Техеран има 12 милиони жители и, според процените, речиси 25 милиони стаорци. Советникот за околина во градската управа во Техеран, Исмаил Карам, изјави дека сега стаорците изгледаат поинаку, а за такви промени се потребни милиони години еволуција. Затоа, овој пат тие се решиле на драстични мерки – да ги убиваат со снајпери! Формиррана е посебна единица составена од најпрецизни воени стрелци со опрема за ноќен лов. Но, досега тие успеале да убијат само две илјади стаорци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


